Бираги со специјална прослава и посвета по клучниот гол за победа на Италија (Видео)

biragi-slavi

Италијанската фудбалска репрезентација беше во ужасна серија каква што не се памети во поновата историја на „аѕурите“, но на истата и дојде крајот изминатава вечер бидејќи Кристијано Бираги постигна гол за победа против Полска во судиското надополнување.

Во моментите кога сите помислија дека нема да видиме голови во Полска, последниот корнер на гостите донесе мешаница и гол на дефанзивецот на Италија, а голот кој значеше прекин на ужасната низа од пет меча без победа беше одбележан и со сепцијална прослава.

Бираги погледна кон небото и со прсти го покажа бројот 13, посветувајќи му го голот на својот незаборавен капитен во Фиорентина, Давиде Астори кој прерано го напушти овој свет по изненадниот срцев удар.

– Астори е дел од мене, како и сите останати од Фиорентина и сите оние кои играа со него. Тоа што го познавав лично, имаше најголемо влијание врз мојата кариера. Посветата оди за него, ако не беше тој, јас немаше да бидам тука. Тој ме научи толку многу работи за фудбалот, но и надвор од него, – истакна Бираги.

Facebook Коментари