Поврзете се со нас

Формула 1

Биното за ангажирањето на Саинц: Ферари е свесен за „коцкањето“

Објавено

на

Ферари го потврди договорот со Карлос Саинц, со кој Шпанецот ќе го замени Себастијан Фетел од следната сезона, а тимскиот шеф Матија Биното признава дека Скудерија се „коцка“ со најмладиот возачки тандем во својата историја.

– Саинц е млад возач, а Ферари немал толку млад тандем во својата 50-годишна историја. За нас ова е коцкање, но среќни сме да го прифатиме предизвикот, сакаме да започнеме нов циклус.

– Патот нема да биде лесен, но довербата во младите истовремено ќе биде нов импулс и за целиот тим и посебно за механичарите. Саинц е добро и интелигентно момче, – вели Биното.

Италијанецот очекува Фетел да остане во Формула 1 и по напуштањето на Ферари.

– Мислам дека Фетел се уште поседува страст за овој спорт, ќе сака да остане, иако претходно ќе треба да донесе неколку важни одлуки. Очекувам и сезонава да постигне добри резултати, а наша задача е да му обезбедиме добар болид, – дополнува Биното.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни