Формула 1
Биното објасни зошто Ферари го ангажираше Саинц
Ферари ова утро и официјално потврди дека Карлос Саинц ќе биде возачот кој ќе го замени Себастијан Фетел за наредната натпреварувачка сезона, одлука која експресно стана топ тема во автомобилистичката спортска јавност.
Младиот Шпанец не го криеше своето воодушевување што ќе вози за легендарниот италијански тим во иднина, а веднаш потоа, се огласи и одговорниот шеф на Ферари, Матија Биното кој се обиде да објасни зошто се одлучиле за ваков потег.
Навистина интересно е тоа што Ферари ќе го има најмладиот двоец во последните 50 години и тоа ќе биде еден вид парадокс за поновата историја на Формула 1, но Биното смета дека младиот пар е перфектна стратегија за да се остварат зацртаните цели.
– Со пет сезони искуство зад себе, Карлос покажа дека е голем таленти со фантастични технички квалитети и атрибути кои перфектно одговараат на нашата фамилија.
– Се одлучивме за нов циклус со цел да се вратиме на врвот на Формула 1. Патот ќе биде долг, сигурно ќе има потешкотии, пред се поради финансиската ситуација која нема да биде иста како до неодамншено минато. Веруваме дека талентираниот двоец Шарл и Карлос ќе биде фантастичен, тоа ќе биде најмладиот двоец на Скудерија во последните 50 години. Сигурни сме дека ова е добината комбинација за остварување на целите, – вели Биното.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија12 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Свет24 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…
-
АТП11 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)