Поврзете се со нас

Формула 1

Биното го „пецна“ Фетел уште по трката во Бахреин

Објавено

на

Ферари во 2020 година имаше катастрофална сезона, која кулминираше и со разделбата со Себастијан Фетел, кој во меѓувреме се пресели во редовите на Астон Мартин.

Матија Биното како тимски шеф мораше да му ја соопшти одлуката на Германецот, а нивниот однос и изјави беа добар показател како Фетел ја прифатил информацијата за својот ангажман за оваа сезона.

На почетокот на истата, Фетел имаше катастрофален викенд во Бахреин, каде покрај тоа што беше претпоследен и не освои поени, туку заработи и пет казнени поени поради грешките во квалификациите и на трката.

Биното индиректно „го поздрави“ својот поранешен вработен, изјавувајќи дека Ферари конечно може да смета на двајца возачи! Притоа, не пропушти да го потенцира одличниот однос меѓу Шарл Леклер и Карлос Саинц.

– Среќен сум што можам да сметам на двајцата возачи. Карлос заврши огромна работа со брзината која ја покажа за време на трката, но знаеме дека оваа година тешко дека можеме да се бориме за титула и најважно е да се движиме во правилната насока.

Исто така, меѓу редови Биното најави и тимски правила во Ферари, кои вети дека ќе бидат отстранети во иднина кога за тоа ќе се создадат услови.

– Шарл и Карлос сега не се ривали и работат на унапредување на болидот. Во моментот кога ќе бидеме подобри од другите тимови, нашите возачи ќе може да се натпреваруваат и меѓусебно, – изјавил Биното.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни