Поврзете се со нас

Мото ГП

Биндер ризикуваше и излезе како голем победник во драмата во Австрија

Објавено

на

Бред Биндер од тимот на КТМ победи на драматичната Мото ГП трка во Австрија, снаоѓајќи се најдобро во финишот кој донесе многу компликации поради дождот. Јужноафриканецот стигна до втората победа во својата кариера.

Марк Маркез, Франческо Бањаја и Фабио Квартараро беше водечката тројка која се бореше за првото место на десетина круга до крајот, но силниот дожд направи хаос во поредокот.

Водечката тројка се реши да влезе во боксот на два круга до крајот, додека Биндер реши да ризикува, а со предноста која ја направи, успеа некако да стигне до целта на првото место.

Маркез падна откако се врати на патеката, па на крајот го освои само 15. место.

Победничкиот пиедестал го комплетираа Бањаја, кој успеа да напредува во завршните два круга и Хорхе Мартин на Прамак.

До десеттото место се најдоа Мир, Марини, Лекуна, Квартаро, Роси, А. Маркез и А.Еспаргаро. Со ваквиот епилог, Квартаро ја зголеми предноста во генералниот пласман во Мото ГП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни