Поврзете се со нас

Мото ГП

Биндер ги засени фаворитите во Брно, прва Мото ГП победа за КТМ

Објавено

на

Бред Биндер е сензационален победник на трката за ГН на Чешка во Мото ГП шампионатот, остварувајќи ја својата прва победа во најелитната класа, истовремено испишувајќи историја и за неговиот тим КТМ кој исто така ја забележа првата победа во Мото ГП.

Биндер возеше солидно на почетокот на трката, постепено се приближуваше до водечкиот Морбидели, за во завршницата лесно да го претекне возачот на Петронас Јамаха и рутински да стигне до најголемиот успех во кариерата.

Возачот од Јужна Африка триумфираше веќе во третиот настап во Мото ГП, а покрај Морбидели, место на подиумот обезбеди и Жоан Зарко од тимот на Авинтија Дукати.

Алекс Ринс заостануваше минимално зад Французинот, а Валентино Роси го освои петтото место, со што ќе мора да почека за јубилејниот 200-ти пласман меѓу првите тројца.

Лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартараро мораше да се задоволи само со седмата позиција, а Маверик Вињалес заврши дури на четиринаесеттото место.

Мото ГП – Брно
1. Б. Биндер
2. Ф. Морбидели
3. Ж. Зарко
4. А. Ринс
5. В. Роси
6. М. Оливеира
7. Ф. Квартараро
8. Т. Накагами
9. Џ. Милер
10. А. Еспаргаро

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни