Поврзете се со нас

Англија

Билиќ: Челси израмни со нерегуларен гол

Објавено

на

blank

Вест Бромвич Албион беше блиску до голема победа против Челси, но прокоцка три гола предност за едно полувреме, а притоа третиот примен погодок гостите го постигнаа во акција во која имаше играње со рака на Каи Хаверц.

Менаџерот Славен Билиќ не сака директно да ги критикува судиите за да не заработи суспензија, но јасно посочи дека не може да сфати како ситуацијата не ја виделе во ВАР собата.

ВАР ја анализираше ситуацијата токму за потенцијално играње со рака пред голот на Ејбрахам, но конечната одлука беше дека не постоело такво нешто.

– На крајот на натпреварот бевме многу разочарани, бидејќи последниот гол беше нерегуларен.

– Не зборувам за судијата, туку за ВАР, јас сум голем поддржувач на технологијата, но не можам да поверувам како не забележаа дека имаше играње со рака.

– Тешко е да го прифатиме тоа во овие моменти, – изјавил Билиќ по натпреварот.

Челси се избори за бод против ВБА (ВИДЕО)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни