Поврзете се со нас

АТП

Били Џин Кинг со уникатен предлог до Ѓоковиќ по новиот историски рекорд (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ вчера уште еднаш го демонстрираше на дело својот инат и победнички менталитет, бидејќи во осминафиналето на Ролан Гарос се врати од загубена ситуација пред да дојде до голема победа над Франциско Серундоло.

Ноле се врати од брејк негатива од четвртиот сет при резултат 2:1 за ривалот во сетови и режираше нов чудесен пресврт, па иако самиот најави дека неговото учество во четвртфиналето е неизвесно поради повреда, легендите на „белиот спорт“ не престануваат со реакциите од вчерашниот меч.

Остварената победа од 3:2 значеше дека Новак стигна до рекордна 270-та победа на грен слем турнирите, а со тоа го остави зад себе Рожер Федерер во уште еден статистички податок.

Поради тоа, легендарната Били Џин Кинг го охрабри Новак да продолжи да игра на највисоко ниво, но му предложи и да се кандидира за претседател на Србија кога ќе ја заврши кариерата.

– Честитки за Новак Ѓоковиќ за 370-те победи на грен слем турнирите! Има уште многу тенис останато во тебе и продолжи само напред. Кога ќе решиш да се пензионираш, треба да почнеш трка за претседател на Србија, – му порача легендарната американска тенисерка која има освоено 39 грен слем титули во кариерата (12 во синг, 16 во двојки и 11 во мешани двојки).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни