Поврзете се со нас

Европски првенства

Билети за натпреварите на македонската репрезентација на ЕП

Објавено

на

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварите од ЕУРО 2020 можат да се пријавуваат за купување на билети за мечевите од Европското првенство преку Фудбалската федерација на Македонија.

Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварите од ЕУРО 2020 може да аплицираат за билети за мечевите на Македонија до 25. мај до 23:30 часот.

Преку електронска најава (име и презиме, натпревар(и) од ЕУРО 2020 заинтересирани да го следите и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected], најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети, а доколку има можност барањето да се одобри, на e-mail адресата од која е испратено барањето добивате посебен код за пристап на платформата на УЕФА за продажба на билети за ЕУРО 2020.

Специјалниот код за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварите на македонската репрезентација од Европското првенство е ограничен со можност за купување на два или најмногу четири билети за натпреварите од групата на Македонија од ЕУРО 2020.

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се од категорија 3. Цената на чинење на еден билет изнесува 30 Евра за натпревар во Букурешт, односно 50 Евра за третиот натпревар од групата против Холандија во Амстердам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни