Поврзете се со нас

Германија

„Билд“: Тухел го разочарал раководството, може да добие отказ од Баерн

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Томас Тухел заработува многу критики поради последните изданија на Баерн, а истите кулминираа по неочекуванио пораз од Вердер, со што Баварците си ја зголемија негативата зад лидерот Баер Леверкузен.

„Билд“ тврди дека голем број членови на бордот на директори се незадоволни од работата на тренерот, па Тухел до крајот на сезоната мора да им докаже дека не се во право. Во спротивно може да заработи отказ и брзо да ја загуби работата во германскиот великан.

Главната забелешка на директорите е дека Тухел добил доволно време за да наметне свој стил на игра, но Баерн е непрепознатлив и не може да ги израдува своите навивачи со она што го покажува на теренот.

Од друга страна, Тухел јавно изјавува дека има проблеми со екипата и однесувањето на теренот, што според раководството е тема за интерни разговори и обид да се подобри ситуацијата без за тоа детали да стигнуваат до јавноста.

Тухел минатата сезона ја обезбеди титулата само поради киксот на Борусија во последното коло, а оваа Баерн повторно доживеа елиминација во Купот и веќе е вон конкуренција за еден од посакуваните трофеи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни