Поврзете се со нас

Германија

„Билд“: Ридигер влегол во жесток клинч со напаѓачот кој го чуваше во големото финале во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Германската фудаблска репрезентација ги заврши подготовките за Европското првенство со победа над Грција на домашен терен, но тимот на Јулијан Нагелсман продолжува да ја темпира формата со напорни тренинзи на четири дена пред почетокот на турнирот.

Континенталниот собир ќе биде отворен со дуел меѓу Германија и Шкотска, а во најавата за овој меч, медиумите откриваат дека Тони Ридигер и Никлас Филкруг режираше тензична сцена на денешниот тренинг.

Големите ривали од финалето во Лигата на шампионите играле еден против друг на денешниот тренинг, па во еден момент, дошло до искри меѓу двајцата и одреден физички контакт.

Како што открива „Билд“, Филкруг останал шокиран од преагресивниот пристап на Ридигер на неколку дена пред премиерниот меч на ЕП, па решил правдата да ја бара со раце.

Двајцата се оттурнале и си размениле погрдни зборови, а новинариот на „Билд“ открива дека останатите спречиле поголем инцидент и не дозволиле караницата да прерасне во физичка пресметка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни