Поврзете се со нас

Германија

„Билд“ пренесува дека во Баерн страстите се разгорени: Влошени односите меѓу Флик и Салихамиџиќ

Објавено

на

Најугледниот германски медиум „Билд“ пренесува дека во таборот на Баерн Минхен во моментов владее негативна атмосфера по влошените односи меѓу директорот на клубот, Хасан Салихамиџиќ и тренерот Ханси Флик.

Медиумот пренесува дека во изминатиот период се влошиле односите меѓу Флик и Салихамиџиќ кои се почесто изразувале несогласувања околу најразлични теми, а нетрпеливоста се повеќе растела.

Токму поради ваквите несогласувања се појавила и лоша атмосфера во целиот тим, а на крај како што стојат работите целата оваа ситуација ќе заврши со заминување на еден од инволвираните во расправијата.

Се очекува Ханси Флик да си замине од Баерн Минхен по крајот на сезоната и да седне на клупата на репрезентацијата на Германија која ќе остане без стратег по Европското првенство откако Јоаким Лев најави дека ќе си оди од позицијата на која е 15 години.

Хасан Салихамиџиќ има алтернатива за тренерската позиција во Баерн Минхен и ќе се обиде да го ангажира најмладиот стратег кој постигнува одлични успеси во Ред Бул Лајпциг, Јулијан Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни