Поврзете се со нас

Европски првенства

„Билд“: Помошникот на Нагелсман се погрижил за „трето полувреме“ во подтрибинскиот простор

Објавено

на

Foto: DFB/Philipp Reinhard

Јулијан Нагелсман не може да ги разбере новите имплементации на УЕФА и не разбира како играњето со рака на Кукурелја не е досудено за пенал, но ако тој се обиде да биде помирен на прес-конференцијата, неговиот помошник бил оној кој посебно ги загубил нервите со англиските судии.

Ентони Тејлор остана доследен на инструкциите на УЕФА и не досуди пенал за играњето со рака на Кукурерлја, но објаснувањата кои им беа дадени на Германците не успеале да ја смират тензијата која била голема на теренот, но и во подтрибинскиот простор.

Како што открива угледниот германски медиум „Билд“, Сандро Вагнер не можел да се помири со судбината и елиминацијата од Шпанците, па решил да има свое шоу во подтрибинскиот простор на стадионот во Штутгарт.

Вагнер нервозно викал по Тејлор и го навредувал на пат кон неговата соблекувална, па помошникот на Нагелсман морал да биде смируван од останатите членови на германскиот тим за да не дојде до физички контакт.

Овој инцидент засега не е пријавен во записникот на главниот арбитар, бидејќи ако има такво нешто, УЕФА ќе отвори истрага и ќе може да му додели казна на Вагнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни