„Билд“ открива колку ќе треба Борусија да му плати на Челси за да го задржи Батшуаји

batsuaji-18282189

Мичу Батшуаји игра во фантастична форма откако ѝ се приклучи на Борусија Дортмунд на заем од Челси, но ако германскиот тим сака да го задржи во тимот ќе треба скапо да плати.

Батшуаји дојде во јануари како замена за Пјер-Емерик Обамејанг  и постигна 7 гола на 9 меча за Борусија, вклучувајќи го и драматичниот погодок за победа притив Ајнтрахт во саботата.

Според „Билд“, Борусија ќе треба да му плати 60 милиони евра на Челси за да го откупи договорот на голгетерот, но тоа може и да не биде проблем за бундеслигашот, бидејќи инкасираше 63 милиони евра од Арсенал за трансферот на Обамејанг.

Facebook Коментари