Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Билд“ откри зошто УЕФА ставила вето на црвениот дрес на Баерн во ЛШ

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен ги игра своите домашни натпревари во Лигата на шампионите во бела униформа, а како што открива ексклузивно „Билд“, причина за тоа е еден детаљ од стандардниот црвен дрес кој не исполнува важен критериум на УЕФА.

Европската Фудбалската асоцијација всушност не му дозволува на Баерн да игра во својата домашна црвена гарнитура поради несекодјневна причина, или поточно поради неконвенционалниот дизајн на Адидас.

Според УЕФА, црвената боја на дресот во комбинација до црни бројки и имињата на фудбалерите одат против прописите за видливост пред ТВ аудиториумот, па поради тоа Баерн во првиот дел од сезоната доби забрана да ги користи домашните дресови.

„Билд“ информира дека баварците добиле препорака да направат мала корекција на основниот дизајн, а истата треба во продолжение да им дозволи да се вратат во препознатливото црвено светло.

Прописите на УЕФА велат дека актуелната комбинација не нуди доволно контраст за да се препознаат бројките, па побарано е од Баерн наместо црни, во иднина тие да бидат обоени во бела боја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни