Поврзете се со нас

Германија

„Билд“: Кејн се соочил со голем шок пред патувањето во Лондон

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Хари Кејн и Баерн Минхен обезбедија позитивен резултат на гостувањето кај Арсенал, но напаѓачот имал тешки моменти непосредно пред патувањето во Лондон.

Англискиот репрезентативец се врати во родниот град со својот нов клуб, но претходo имал неочекуван семеен проблем, кој сигурно влијаел на неговата подготовка за натпреварот.

Три од четирите деца на Кејн учествувале во сообраќајна несреќа, но по вообичаените прегледи, било утврдено дека за среќа поминале без повреди.

Автомобилот во кој се возеле трите деца на Кејн се судрил со друг автомобил при помала брзина, а во судирот учествувало и трето возило, кое исто така било оштетено. Според полицијата, немало посериозни повреди кај девет учесници во несреќата, вклучувајќи ја и жената која била префрлена во болница со хеликоптер.

Децата на Кејн се на возраст од 3,5 и 7 години, додека најмалото од неговите четири деца не било во автомобилот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни