Поврзете се со нас

Германија

„Билд“ ја објави листата на трансфер желби на Баерн Минхен: Еден од најголемите таленти на мета на „баварците“

Објавено

на

Баерн Минхен ќе го поддржи Ханси Флик со неколку одлични засилувања со кои тимот дополнително треба да добие на квалитет.

Најугледниот германски медиум „Билд“ го објави списокот со трансфер желби на „баварците“. Прв пик ќе им биде Дајот Упамекано од Ред Бул Лајпциг и за да го обезбедат неговиот потпис од таборот на Баерн Минхен ќе треба да се помачат затоа што за него интерес има и од Ливерпул и Челси.

Баерн ќе се обиде да го ангажира и Едуардо Камавинга од Рен за кого сериозен интерес има од Реал Мадрид, а клубот се поврзува и со 19 годишниот Лусиен Агуме кој игра во Специја.

На листата е и еден играч на Рединг, Омар Ричарс, кој би дошол како резервна опција за Алфонс Дејвис, а тука се и Брна Соса од Штутгарт, Марко Фридл од Вердер и Лука Нец од Херта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни