Поврзете се со нас

Германија

„Билд“ и „Кикер“: Баерн донесе конечна одлука за Тухел пред клучниот меч со Лацио

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен полека се простува од титулата во домашното првенство по вчерашното реми со Фрајбург и се поизвесно е дека Баер Леверкузен ќе ја прекине 11-годишната доминација на баварците, кои после подолго време има големи шанси да завршат една сезона без освоена титула.

Клубот од „Алијанц арена“ најави дека ќе се раздели со Томас Тухел по крајот на актуелната натпреварувачка сезона, но планот сега може да се промени и поранешниот менаџер на добие отказ до среда.

Угледните „Билд“ и „Кикер“ ексклузивно информираат дека работата на Тухел во овој момент е сигурно само до мечот со Лацио, односно раководството го потврдило како тренер на првиот тим за клучниот меч со италијанскиот калчолигаш и исходот од истиот ќе биде пресуден за него.

Во случај на елиминација, Тухел веднаш ќе си ги спакува работите и ќе биде отпуштен од Баерн, но доколку успее да направи пресврт и да го внесе тимот во четвртфиналето, ќе се реализира првичната идеја.

Ако Баерн го мине Лацио, Тухел ќе ја доработи сезоната без оглед на резултатите кои ќе ги има на следните натпревари, или во спротивно, мечот против „небесно-сините“ ќе биде последен за него како шеф на стручниот штаб на великанот од Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни