Поврзете се со нас

Германија

„Билд“: Белингам предизвикува раздор во соблекувалната на Борусија

Објавено

на

Џад Белингам има многу понуди од големите европски клубови и очигледно е дека и самиот посакува ова да му биде последна сезона во дресот на Борусија Дортмунд.

Англискиот репрезентативец веројатно веќе преговара во сенка за големиот трансфер кој го очекува, но неговото однесување предизвикало раздор во соблекувалната на Борусија.

Соиграчите на Белингам воопшто не биле задоволни од неговото однесување и залагање на теренот и тоа му го соопштиле на фудбалерот кој се наметна кај Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул и останатите, токму со настапите во дресот на бундеслигашот.

Борусија забележа неколку негативни резултати пред мундијалската пауза, а на целата ситуација негативно влијаеле и изјавите на Белингам и Матс Хумелс кои ги критикуваа соиграчите по последните порази.

„Милионерите“ се на шестото место со девет бода заостанување зад лидерот Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни