Поврзете се со нас

Германија

„Билд“: Баерн поставил цена за Дејвис, Реал ќе бара „попуст“

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Алфонсо Дејвис е на излезна врата од Баерн Минхен, но германскиот клуб ќе се обиде да заработи што повеќе од трансферот на канадскиот репрезентативец.

Левиот бек на Баерн наводно веќе има договор со Реал Мадрид, а бундеслигашот мора да размислува за продажба, затоа што следната година ќе го загуби Дејвис без отштета.

„Билд“ тврди дека раководството на клубот се соочило со фактот дека Дејвис сака преселба во Шпанија, па веќе поставило и сума која ќе ја бараат од Реал Мадрид за конкретниот трансфер.

Се работи за сума од 70 милиони евра, која веројатно тешко би била прифатена од Флорентино Перез и неговите соработници.

Двете страни ќе мора да најдат некаков компромис, бидејќи истекувањето на договорот прави сериозен притисок над Баерн, а и Реал веќе има напредни преговори со фудбалерот кој очигледно го потврдил интересот за ваков трансфер.

Ситуацијата потсетува на она што се случи пред 10 години, кога Реал на сличен начин го доби Тони Крос за 25 милиони евра, а трансферот на Германецот се претвори во еден од најисплатливите за клубот изминатите децении.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни