Поврзете се со нас

Европски првенства

Билбао нема да биде домаќин на ЕП, Шпанците лути на УЕФА

Објавено

на

УЕФА го елиминираше Билбао од листата со градови домаќини на претстојното Европско првенство, а организаторите од шпанскиот реагираа жестоко поради ваквата одлука.

Европската фудбалска федерација синоќа ги информирала одговорните во организацискиот комитет во Билбао дека натпреварите од ЕП планирани за стадионот „Сан Мамеш“ ќе се играат на друг стадион.

Проблем е неможноста на организаторите да гарантираат број на гледачи кои ќе можат да присуствуваат на средбите.

– Билбао нема да биде домаќин на Европското првенство, но нека биде јасно дека нема да прифатиме закани, обвинувања или омаловажувања, а уште помалку ќе ги занемариме мерките за спречување на ширење на заразата.

– Нема да дозволиме да остане сомнеж за нашата способност за организација на голем настан. Инсистиравме на почитување на здравствените протоколи, затоа што тоа е исклучително важно за жителите на градот и државата, – велат од Билбао.

На стадионот „Сан Мамеш“ требаше да бидат одиграни трите средби на Шпанија од групната фаза, како и еден натпревар од осминафиналето, а од Билбао најавуваат дека ќе бараат отштета од УЕФА.

Шпекулациите велат дека УЕФА ќе му ги префрли тие четири натпревари на „Вембли“, како еден вид благодарност за англиските клубови и фанови кои ја оставија Супер лигата без можност за реализација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни