Поврзете се со нас

Шпанија

Билбао ја „искрши“ рамката од голот на Облак, Атлетико е нов лидер во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Фудбалерите на Атлетико Мадрид издвојуваа победа над Атлетик Билбао од 1-0 во дербито на 26. коло во шпанската Примера.

Избраниците на Диего Симеоне имаа огромна среќа на овој меч, но истиот успеаа да го завршат со три бода на своето салдо и најмалку до утре ќе бидат лидери во Ла Лига.

Билбао ја имаше најзрелата шанса во првиот дел, ама не ја искористи и со 0-0 се замина на одмор. Алварез влезе во игра во 59 минута, а веќе во 66 го искористи додавањето на Љоренте и донесе водство за ерупција на „Метрополитано“.

Потоа гостите од Баскија имаа неколку прилики да го израмнат резултатот, Диаз погоди статива, а Ињаки Вилијамс имаше дури две пречки што доволно говори колку среќа имаше домашниот тим за да го освои целиот плен.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни