Поврзете се со нас

Шпанија

Билбао го сруши сонот на Барди и Леванте за финале во Копа Дел Реј (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Атлетик Билбао ќе и биде противник на Барселона во големото финале во Купот на Шпанија.

Имено составот од Баскија оваа вечер по еден исцрпувачки меч и 120 минути се избори за славје во Валенсија над Леванте со 2-1, резултат доволен за место во финалната пресметка закажана за 17 април во Севилја.

Домаќините добро го отворија дуелот и поведоа со 1-0 со голот на Марти во 17 минута, предност која ја имаа до 30 кога искусниот Раул Гарсија со удар од белата точка израмни на 1-1. Со овој резултат се замина на пауза по која нашиот Енис Барди влезе во игра, меѓутоа гостите беа тие кои беа поопасни и поблиску до втор гол.

Сепак мрежите не се тресеа до самиот крај и со оглед на тоа што и на првата битка беше 1-1 се играа дополните 30 минути во кои Беренгуер постигна среќен погодок во 112 и го одведе својот тим во наредната фаза.

Ова воедно значи дека Билбао во месец април ќе одигра две финалиња во Копа Дел Реј, првото од минатата сезона против Реал Сосиедад на 3 април за да две недели подоцна излезе на мегдан со четата на Роналд Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни