Поврзете се со нас

Македонија

Билали е првото јануарско засилување за Работнички

Објавено

на

Фудбалскиот клуб Работнички денеска го потврди своето прво засилување во актуелниот преоден рок, а се работи за искусниот Сабит Билали.

26-годишниот фудбалер потпишал двегодишен договор со „романтичарите“ и ќе биде освежување во тимот на Гоце Седлоски за вториот дел од актуелната сезона.

Билали доаѓа од албанскиот тим Партизани, а во нашата земја има настапувано за Шкендија, Шкупи, Македонија Ѓорче Петров и Гостивар.

Првото засилување ќе им се приклучи на новите соиграчи во Охрид, каде Работнички во моментов се подготвува за пролетната полусезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни