БиХ со нов селектор: Вујошевиќ итно хоспитализиран во болница

dusko_vujosevic_porret

Се случи тоа од што сите се плашеа и предупредуваа околу здравјето на кошаркарскиот стручњак Душко Вујошевиќ. Поради нарушување на неговото здравје, особено проблеми со дијабетисот и проблеми со работата на неговите бубрези, тој итно беше хоспитализиран во Словачка, а потоа префлен во Белград за итна интервенција на неговата лева нога. Од Кошаркарската федерација на БиХ, ја потврдија информацијата преку официјално соопштение.

– По новонастанатата ситуација со селекторот на БиХ, Душко Вујошевиќ и нарушување на неговото здравје, лекарски конзилиум даде итна насока за интервенција и третман на левата нога на Вујошевиќ во хипербарична комора, со цел да не дојде до сериозни последици за здравјето на нашиот селектор, – стои во соопштението на федерацијата.

Понатаму се вели дека неговиот заменик Менсур Бајрамовиќ ќе го води тимот против Ерменија, каде со евентуална победа БиХ ќе се пласира во квалификациите за Светското првенство 2019.

Facebook Коментари