БиХ ја прегази Финска и се врати во игра за ЕП, Поулсен донесе голема победа за Данска (Видео)

bosna

Селекцијата на Босна и Херцеговина ја растури Финска со 4-1 и се врати во игра за местата кои водат на Европското првенство во 2020 година.

Босанците и без својот најдобар играч Един Џеко одиграа одлично и преку Хајровиќ, Пјаниќ (2) и Хоџиќ дојдоа до 4-0 за да во финишот гостите се изборот за почесен гол преку Похјанпало. Сега четата на Просинечки има 10 бода или само два помалку во однос на Финска која го држи второто место во групата Ј.

Данска во дербито со Швајцарија запиша голем триумф од 1-0 со што дефинитивно си ги подотвори вратите за пласман на шампиоантот. Стрелец за погодокот вреден три бода беше Поулсен во 84 минута.

Во последниот меч од 18 часот Романија славеше над Фарски Острови со 3-0.

Facebook Коментари