Поврзете се со нас

Евролига

„Биг Софо“ изненади многумина со својот изглед: Се појави многу поголем откако кога играше кошарка (Фото)

Објавено

на

Софоклис Скорцијанитис за време на неговите најдобри денови беше препознатлива фигура во европската кошарка.

Грчкиот кошаркар кого многумина го нарекуваа „европскиот Шекил“  и покрај неговата тежина играше навистина добро и остави значителен белег во грчката, но и европската кошарка.

Популарниот „Биг Софо“ пред една година стави крај на играчката кариера, а последен клуб му беше грчкиот Јоникос Никаиас.

Од тогаш речиси една година не бил појавен во јавноста во Грција, а вчера бил присутен на натпреварот на неговите некогашни клубови, Олимпијакос и Макаби по кој веднаш дојде во центарот на вниманието.

Скорцијанитис е далеку покрупен од тоа што беше додека активно играше кошарка, а фотографиите од Пиреа веднаш ја обиколија цела Европа.

Инаку, „Биг Софо“ во својата кариера има настапувано за Ираклис, Канту, Арис, Олимпијакос, Макаби, Панатинајкос, Црвена Звезда, ПАОК, Ариес и Јоникос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни