Поврзете се со нас

Свет

Биелса за критиките на Суарез: Неговите зборови не влијаеја на нашата игра

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AUFOficial

Уругвајската репрезентација загуби на гостувањето кај Перу во јужноамериканските квалификации за СП 2026, а поразот дојде во многу незгоден момент.

Изминатиот период многу реакции предизвика изјавата на Луис Суарез кој го критикуваше селекторот Марсело Биелса за начинот на кој се однесува со фудбалерите, па се шпекулираше дека и дел од актуелните репрезентативци застанале зад изјавата на Суарез и тоа донело поделби во соблекувалната.

По поразот од Перу, Биелса одбил да ги коментира обвинувањата на Суарез и со краток вовед им најавил на новинарите дека не сака да влегува во дебата.

– Изјавата на Суарез немаше никакво влијание врз нашата игра, момците се залагаа максимално и не забележав никаква промена.

– Тоа што се случуваше изминатиот период не го објаснува начинот на кој одигравме и мислам дека немаше никаков ефект. Не чувствувам дека мојот авторитет е нарушен, а репрезентативците беа сериозни и дисциплинирани, – изјавил Биелса.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни