Поврзете се со нас

Англија

Биелса „распушти“ двајца соиграчи на Алиоски за да бидат подготвени за ЕП

Објавено

на

Марсело Биелса е познат по специфичниот начин на извршување на менаџерската работа, па често носи и одлуки со кои го привлекува вниманието на јавноста.

Во пресрет на последните две кола од Премиер лигата, Лидс Јунајтед се подготвува за гостувањето кај Саутемптон, а Биелса реши да ослободи двајца соиграчи на нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски.

Иако и Алиоски треба да настапува на претстојното Европско првенство, засега нема да добие поштеда, а таков статус си обезбедија Робин Кох и Матеуш Клих.

Биелса изјавил дека не сака да ризикува со двајцата фудбалери кои имале ситни повреди, потенцирајќи дека Кох се уште не знае дали ќе биде повикан од германскиот селектор Јоаким Лев.

– Кох доби можност порано да си замине дома бидејќи може да добие повик од германската репрезентација. Не знам дали ќе биде дел од ЕП, но не сакам малиот проблем да се претвори во голем, па затоа му дозволивме подолг одмор, – изјавил Биелса, кој потенцирал дека и Клих не е повреден, но дека ја донел најдобрата одлука за својот фудбалер, кој денеска добил повик од полскиот селектор Пауло Соуса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни