Биелса откри каква порака добил од Лампард за скандалот со шпионирање

bielsa-derbi

Лидс Јунајтед го доби дербито со Дерби Каунти со 2:0 и се врати на триумфите по двата порази во серија, но сепак трите освоени бода на Езџан Алиоски и неговите соиграчи останаа во сенка на тоа што се случи пред мечот.

Контроверзниот Марсело Биелса се погрижи за нескојдневна увертира бидејќи испрати човек да го шпионира тренингот на Дерби, а бидејќи на крајот испратениот човек од страна на Аргентинецот беше приведен од полиција по пријава на Франк Лампард, оваа необична ситуација внесе непотребна тензија и крај аут линијата.

Ваквата постапка на Биелса воопшто не му се допадна на Лампард кој порача дека биле уништени неговите подготовки за мечот, додека од друга страна пак, искусниот Аргентинец откри дека ова не е ништо ново за него и дека практикува ваков метод од 2001 година.

– Разговарав со Лампард и ми порача дека не сум ги почитувал фер-плеј правилата. Јас имам друго гледиште на сето ова, но секако дека е важно и мислењето на Лампард и Дерби. Јас сум одговорен за оваа ситуација бидејќи не побарав дозвола од Лидс за такво нешто. Не сакам да барам оправдувања, но јас практикувам ваква метода уште од 2001 година и ова не е ново за мене, – откри Биелса по мечот.

Facebook Коментари