Поврзете се со нас

Свет

Биелса му се налутил на селекторот на Баскија, па ги бојкотирал новинарите во Билбао (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AUFOficial

Марсело Биелса се врати на „Сан Мамеш“ во Билбао како селектор на Уругвај, а емотивната вечер не заврши како што посакуваше бидејќи имаше сериозна замерка за својот колега од противничката страна.

Тренерот на Осасуна, Јагоба Арасате, вчера ја водеше селекцијата на Баскија на пријателскиот натпревар со јужноамериканската репрезентација, а на крајот доби забелешки од видно незадоволниот Биелса.

Шпанските медиуми сметаат дека уругвајскиот селектор се налутил бидејќи Арасате направил дури девет замени и целосно го нарушил ритамот на натпреварот, па Биелса реши тоа да му го потенцира на колегата веднаш по крајот на дуелот.

Новинарите останале без изјава на гостинскиот селектор, бидејќи Биелса не се појавил на прес-конференцијата по мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни