Поврзете се со нас

Свет

Биелса: Јас сум виновен, не успеав со вакви играчи

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AUFOficial

Уругвај не успеа да дојде до позитивен резултат со Колумбија, резултат кој ќе ги одведе во големото финале на Копа Америка и покрај тоа што цело второ полувреме го играше во играч повеќе на теренот.

Уругвајците не пронајдоа решение за Колумбијците кои едноставно „пукаат“ од самодоверба со оглед на тоа што дури од 2022 година немаа претрпено ниту еден пораз во било кое натпреварување, па макар и пријателски меч.

Селекторот, Марсело Биелса ја презема одговорноста на себе посочувајќи дека со овие играчи морале да направат многу повеќе.

-Гледајќи го индивидуалниот квалитет јасно беше дека Уругвај е фаворит. Според мене имам тим со посилен индивидуален талент од противникот, но таа разлика не успеавме да ја материјализираме. Јас сум виновен, бидејќи не успеав со вакви играчи.

-Не успеавме да ја искористиме предноста од играч повеќе. Кога победува тим со помалку индивидуален талент, логично тренерот на тој тим бил супериорен во однос на противникот, -порача Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни