Поврзете се со нас

Свет

Биелса го вметна Суарез во составот на Уругвај за Копа Америка

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Уругвајските фанови стравуваа дека нивната репрезентација нема да смета на искусниот Луис Суарез на претстојното издание на Копа Америка, но селекторот Марсело Биелса го вклучи напаѓачот на списокот од 26 фудбалери.

Ѕвездата на Интер Мајами последниот период има хронични проблеми со коленото и тоа беше причина да се појават шпекулации дека Биелса нема да смета на Суарез на престижниот турнир, нешто што сега е демантирано.

Во дресот на екипата од Флорида, Суарез постигна 12 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, а Интер Мајами е на врвот на Источната конференција и има големи амбиции во актуелната МЛС сезона.

Суарез имаше важна улога во триумфот на Уругвај на Копа Америка во 2011 година, а и годинава ќе биде сериозен адут на Биелса во обидот да се изненадат фаворитите Бразил и Аргентина.

На списокот на Уругвај се и Дарвин Нуњез и Федерико Валверде, а оваа селекција е во група со Панама, Боливија и САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни