Биелса го испофали Алиоски: Одигра одличен натпревар со Полска, тоа го стори и со Бирмингем

alioski

Тренерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса го испофали нашиот репрезентативец, Џани Алиоски кој беше меѓу најдобрите поединци на натпреварот против Бирмингем.

Лидс Јунајтед славеше на средбата со 1:0 и остана во врвот на Чемпионшип лигата, а по натпреварот Биелса го оцени  настапот на 27 годишниот фудбалер како одличен.

– Одигра со многу енергија. Се бранеше одлично и напаѓаше многу. Одлично ги поврзуваше нападот и одбраната. Одигра одличен натпревар со Полска, му требаше подолг период за да одигра така. Против Бирмингем го повтори тој натпревар од натпреварот против Полска, -истакна Биелса.

Facebook Коментари