Поврзете се со нас

Англија

Биелса го искористи Алиоски за да „украде“ некоја секунда, Лидс победи на драматичен начин во дербито (Видео)

Објавено

на

Дербито на Јоркшир донесе очекувано претпазлива игра од двете страни, но со таков пристап на теренот, на крајот повеќе среќа имаше Лидс Јунајтед кој го видовме во далеку поразлично светло од она во првите две кола.

Тимот предводен од Марсело Биелса приреди две гол шоуа во двете водечки рунди, но ова попладне покажа дека знае да игра и на резултат, па така за првпат не прими гол по враќањето во Премиер лигата.

Фактот што не прими гол, Лидс го материјализираше на најдобар можен начин, бидејќи во 88-та минута стигна до драматична победа во дерби пресметката со Шефилд Јунајтед на гостински терен.

Патрик Бамфорд одлично реагираше по точниот центаршут од Харисон од левата страна, по што следеше големо славје на теренот, но и на клупата.

Менаџерот Биелса исто така не остави ништо на случајноста, па го искористи нашиот Џани Алиоски за да „украде“ некоја секунда, па го стави на местото на Родриго во 91-та минута од мечот. Лидс до крајот го задржа водството и ја оствари втората победа во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни