Поврзете се со нас

Англија

Биелса е импресиониран од Елмас и ќе направи нов обид да го доведе во Лидс

Објавено

на

Лидс Јунајтед се уште не ја знае одлуката на Езџан Алиоски во однос на останувањето во редовите на премиерлигашот, но менаџерот Марсело Биелса веќе пикирал и друг македонски репрезентативец,

Според изворите на „Атлетик“, се работи за Елиф Елмас, актуелниот играч на Наполи, кој го воодушевил искусниот аргентински стручњак, за кого се смета дека уште одамна е загреан за ангажман на уште еден Македонец.

Очигледно е дека фанатикот Биелса ги следи сите натпревари на Алиоски, а притоа можел добро да се запознае и со квалитетите на Елмас, па нема да биде изненадување ако Наполи добие примамлива понуда од англискиот клуб.

Елмас доби нов тренер во својот клуб и многу работи ќе зависат од тоа каков статус ќе му биде најавен во новата сезона, имајќи предвид дека од Џенаро Гатузо не добиваше соодветна минутажа и најчесто беше на клупата за резерви.

Во моментов Елмас се подготвува со своите репрезентативни колеги за настап на Европското првенство, а нема да биде изненадување ако привлече и други клубови со своите игри на овој турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни