БИБЛ започнува во октомври, Кожув единствен македонски претставник

kozuv-kk

Балканското регионално кошаркарско натпреварување, БИБЛ лигата, и официјално ги претстави клубовите учесници кои ќе се борат за преземање на тронот од минатогодишниот првак, Левски Софија.

Откако Левски одлучи годинава да учествува во натпреварувањата на ФИБА, а учеството во БИБЛ лигата го откажаа и чаирски Шкупи, како и тимот на Тирана, натпреварувањето ќе брои 6 екипи. Единствен наш учесник ќе биде Кожув од Гевгелија, а покрај него тука се и двата бугарски тима – Академик Бултекс и Берое, косовските Башкими и Приштина, како и албанска Теута.

Лигата започнува на 16. октомври, а двојките за првото коло се Теута – Академик Бултекс, Кожув – Приштина и Башкими – Берое. Сепак, поради настапите на тимот на Приштина во Европа купот на ФИБА најверојатно враќањето на Кожув во балканската лига ќе биде во некој дополнителен термин.

Facebook Коментари