БИБЛ лига: Блокотехна го реши Левски

blokotehna

Кошаркарите на Блокотехна ја продолжија добрата серија и остварија нова победа во БИБЛ лигата и тоа над должникот Левски со 74-63.

Македонскиот претставник единствениот пораз во ова натпреварување го забележа во Бугарија (99-93 по прод.), па затоа денешниот триумф е уште посладок со оглед на тоа што беше вратено мило за драго за тој октомврски неуспех.

На полувремето четата на Илиевски имаше позитива од 16 поени (43-27), преднот која во продолжението беше сочувана. Бенџамин со 30 поени и 9 скокови беше најдобар поединец, додека Казарновски дојде до бројката од 16 поени.

Facebook Коментари