БИБЛ: Блокотехна со тежок удар за лидерот Рилски Спортист

blokotehna-32832900

Македонскиот клуб Блокотехна забележа убедлива победа над Рилски Спортист (64:87) во БИБЛ натпреварувањето и се израмни според освоените бодови со бугарскиот претставник.

Блокотехна доминираше во првиот период и најави дека атакува на победата, а својата предност ја зголемуваше и во третата и четвртата четвртина, за на крај да му го нанесе првиот пораз на Рилски со убедливи 87:64.

Мијатовиќ со 20 и Младеновиќ со 16 поени биле најефикасни во редовите на Блокотехна, додека кај противникот Тејлор реализирал 19 поени.

Facebook Коментари