Англија
„БиБиСи“ го откри протоколот пред продолжувањето на сезоната во Премиер лигата: Дезинфекција на топките, терените, тестирања два пати неделно…
Британската влада пред два дена соопшти дека ќе биде дозволено враќање на спортот во земјата од 1 јуни.
Челниците на Премиер лигата за таа цел изготвија посебен протокол кој го испратија до сите клубови и истиот ќе мора стриктно да се почитува.
Во протоколот е посочено најстриктно да се почитуваат правилата за социјална дистанца, а на тренинзите ќе биде дозволено да има најмногу пет играчи кои ќе тренираат не подолго од 75 минути.
Фудбалерите и сите инволвирани ќе се тестираат два пати неделно, а пред тренинзите задолжително ќе им биде мерена и температура.
За почеток на фудбалерите ќе им биде забрането да се собираат во заеднички простории и заедно да доаѓаат на тренинзите.
По секој тренинг топките, стативите, корнер знаменцата и сите потребни реквизити ќе бидат дезинфицирани со цел да се избегне евентуално ширење на вирусот.
Дел од овие мерки би требало да траат во следните 10 до 14 дена, а потоа некои од нив ќе попуштат, па ќе бидат дозволени и собирања на играчите во групни тренинзи.
-
Англијапред 20 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)