Поврзете се со нас

Англија

Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата

Објавено

на

Драматичниот ден за европскиот фудбал завршува со информација дека сите англиски клубови решиле да се повлечат од идејата за учество во таканаречената Супер лига.

„Би-Би-Си“ објави дека сите клубови донеле исто решение и ќе го следат примерот на Манчестер Сити и Челси, кои веќе најавија повлекување, а тоа подоцна го потврдија клубовите.

Манчестер Сити тоа го потврди со соопштение, додека Челси дефинитивно донел ваква одлука која ќе биде потврдена утре од страна на лондонскиот клуб.

Во меѓувреме и Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Арсенал и Ливерпул пресекле дека треба да се повлечат во последен момент и да им се вратат на своите обврски кон УЕФА и Лигата на шампионите.

Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Ливерпул истовремено објавија соопштение преку социјалните мрежи во кои ја потврдија одлуката.

Шесте англиски клубови фактички се половина од групата основачи, па ќе останат само претставниците на Шпанија и Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни