Англија
„Би-Би-Си“: Петровиќ по стапките на Аризабалага, си замина од Челси во ист ден
Ѓорѓе Петровиќ сериозно се наметна кај Маурисио Покетино и се претвори во прв голман на Челси во вториот дел од минатата сезона, но поради големите промени кои настанаа во клубот, неговиот статус сериозно се намали со новиот менаџер.
Енцо Мареска воведе свои правила и отстрани голем број играчи од неговите тренинзи, а во плејадата од отпишани играчи имаше и двајца голмани, Кепа Аризабалага и Србинот Петровиќ.
Шпанскиот чувар на мрежата ова утро беше потврден како големо летно засилување за Борнмут, но само неколку часа подоцна, Челси му договорил заем и на Петровиќ.
Србинот ја прифатил понудата од Стразбур и ќе оди на едногодишна позајмица во францускиот клуб, каде дефинитивно ќе ја добие минутажата која не му е гарантирата од Мареска.
„Би-Би-Си“ тврди дека операцијата е комплетирана и разменети се сите документи меѓу двата клуба, по што Петровиќ веќе тргнал на пат кон Франција.
Another Chelsea keeper on the move 🧤➡️
Djordje Petrovic has agreed to join RC Strasbourg on a season-long loan deal 🤝#BBCFootball
— BBC Sport (@BBCSport) August 29, 2024
-
Балканпред 17 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 17 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 18 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 17 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 15 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 14 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 14 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед