Поврзете се со нас

Англија

„Би-Би-Си“ откри зошто Касемиро не беше ниту на клупата на „Вембли“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Касемиро стави крај на една турбулентна сезона која беше најлоша за него од почетокот на европската авантура во кариерата, бидејќи големата бразилска ѕвезда се претвори во еден од најкритикуваните играчи во јавноста.

Искусниот играч за врска сезоната ја заврши најнепосакуван начин и воопшто не беше дел од тимот кој играше во финале на „Вембли“, но иако тоа предизвика огромни реакции во јавноста, сега пристигна образложение дека за таквата одлука бил задолжен самиот Касемиро.

Иако беше вклучен во тимот кој треба да биде дел од финалето, Касемиро на крајот не беше ниту на клупата за резерви, а причина за тоа била повреда на задната ложа.

Како што пренесува доброинформираниот „Би-Би-Си“, Касемиро самостојно побарал од Тен Хаг да не биде дел од тимот и да му даде шанса на друг играч, бидејќи почувствувал дека не е во состојба да им помогне на своите колеги.

Касемиро беше дел од проославата и по победата над Манчестер Сити вети дека тимот ќе понуди многу повеќе наредната сезона, но ако се гледа искрено, големи се шансите тој да не биде дел од тимот.

Новата структура во Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува опцијата да се раздели со Касемиро, а во оваа фаза од кариерата, најпрофитабилно за сите страни ќе биде ако добие понуда од Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни