Поврзете се со нас

Англија

„Би-Би-Си“: Манчестер Јунајтед на чекор до потписот на Де Јонг

Објавено

на

Преговорите на Барселона и Манчестер Јунајтед за трансферот на Френки де Јонг во редовите на премиерлигашот одат во позитивен правец и наскоро ќе бидат финализирани.

Ова го тврди вообичаено добро информираниот „Би-Би-Си“, чии новинари потврдуваат дека Холанѓанецот е на чекор до преселба на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед ќе и плати на Барселона 65 милиони евра за Де Јонг, а притоа ќе има и дополнителна обврска при активирање одредени бонуси.

Двата клуба имаат се уште работа во договарање на повеќе детали, но се чини дека на двете страни владее оптимизам дека трансферот ќе биде реализиран наредниот период.

Де Јонг доаѓа на инсистирање на новиот менаџер Ерик тен Хаг, кој му беше тренер и во Ајакс.

Манчестер Јунајтед на 8. јули заминува во Тајланд и Австралија како дел од подготовките за новата сезона и Тен Хаг сигурно ќе инсистира да го има на располагање Де Јонг и за овие натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни