Поврзете се со нас

Англија

„Би-Би-Си“ го потврди големиот пресврт во преговорите за продажба на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед е ставен на продажба веќе подолго време и Глејзерови веќе извесно време ги собираат најдобрите понуди, но последната информација која доаѓа од Англија вели дека била одбиена највисоката.

Катарскиот шеик Јасим Бин Хамад Ал Тани и официјално се повлекол од трката да го купи клубот од „Олд Трафорд“, откако семејството Глејзер ја одбило понудата вредна 5 милијарди евра.

Ова го открива угледниот „Би-Би-Си“ кој секогаш се потпира на проверени и доверливи информации од клубот, а во веста се потенцира дека е дојдено до голем пресврт и во преговорите со вториот најсериозен купувач.

Британскиот бизнисмен и милијардер Сер Џим Ратклиф на крајот сфатил дека не може да ги купи сите акции од клубот, па најнова цел ќе биде да купи 25 проценти од Манчестер Јунајтед, но да добие целосна слобода да управува со спортскиот проект.

Неговата компанија „ИНЕОС“ во овој момент останува единствен кандидат за мала промена во сопствеништвото на Јунајтед, клуб кој најверојатно ќе остане на Глејзерови, но Ратклиф ќе раководи со својот удел од 25 проценти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни