Поврзете се со нас

Свет

„Би-Би-Си“ го издвои голгетерскиот ефект на Миовски со интересна порака (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски продолжи да решета во најсилната фудбалска лига во Шкотска, а второ коло во низа постигна гол против еден од двата тима кои имаат убедливо најважна репутација во оваа земја.

По бравурата која ја изведе против шампионот Селтик, Миовски денеска се запиша во листата на стрелците и на „Ајброкс“, односно одговори на погодокот кој го постигна Ренџерс.

Миовски одлично се постави и уште еднаш го демонстрираше својот напаѓачки инстинкт, а со елегантниот допир му овозможни на својот Абердин да замине на пауза со 1:1.

Македонската гол-машина го стресе и Ренџерс: Миовски го прикажа својот напаѓачки инстинкт и на „Ајброкс“ (Видео)

За жал, Ренџерс постигна втор гол во вториот дел и на крајот победи иако го заврши натпреварот со десет играчи, но тоа не го намалува ефектот на Македонецот кој се почесто ги импресионира и вработените во „Би-Би-Си“.

– 20-ти сезонски гол за Бојани Миовски! И тоа во месец февруари……..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни