Поврзете се со нас

Англија

„Би-Би-Си“ ги објави последните разговори, Сала и пилотот знаеле дека авионот е сомнителен (Видео)

Објавено

на

Авионската несреќа во која загина фудбалерот Емилијано Сала и пилотот на авионот можела да биде избегната, нешто што го потврдуваат и ексклузивните аудио разговори и снимки кои ги објави „Би-Би-Си“.

Според објавените последни разговори на Сала и пилотот Дејвид Ајботсон, двајцата биле свесни дека авионот е во сомнителна состојба и им порачале на соговорниците дека ова може да им биде последна комуникација.

– Стари, страв ми е, авионот изгледа како да ќе се распадне во секој момент. Не знам дали некој ќе ме бара ако паднеме, бидејќи се сомневам дека ќе може да ме најдат, – рекол Сала во разговорот со пријател додека авионот се подготвувал за полетување.

– Ме пратија по некој фудбалер вреден 20 милиони фунти со ваков сомнителен авион. На половина канал кон Франција слушнав звук „бум“, ги проверив инструментите, се беше во ред, но бев загрижен. По слетувањето сфатив дека левиот педал не работи, мислам дека овој авион треба под итно да заврши во хангар. Вообичаено не носам појас за спасување, но на следниот лет ќе носам,  – рекол пилотот во разговор со свој пријател.

Сала потпиша за Кардиф во трансфер вреден 15 милиони фунти, а претходно одбил класичен комерцијален лет за да има повеќе време да се поздрави со дотогашните соиграчи во Нант.

Авионот беше пронајден во Англискиот канал, во него било телото на Сала, додека тоа на пилотот не беше пронајдено.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни