Поврзете се со нас

Европски првенства

„Би-Би-Си“ брутално го истрола Роналдо по промашениот пенал, Тери збесна: Ова е вистински срам! (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо уште еднаш ги покажа сите свои емоции на фудбалскиот терен, но и сета страст која ја носи со себе на 39-годишна возраст.

Португалскиот капитен освои речиси се што може да се освои во кариерата, вклучувајќи и титула на Европско првенство, но промашениот пенал против Словенија го натера да чувствува огромна вина, што предизвика да не може да се носи со емоциите.

Роналдо плачеше од нервоза и мораше да биде тешен од своите соиграчи, но иако на крајто солзите се променија со насмевка, Португалецот се најде на удар од најпознатиоот британски телевизиски сервис.

За време на својата анализа по осминафиналето „Би-Би-Си“ не покажа никаква класа и реши да се потсмева со легендарниот португалски капитен, кого го нарече „Мистијано Пеналдо“.

Овој потег на „Би-Би-Си“ експресно преизвика огромна дебата во јавноста, а еден од најкритички настроените беше Џон Тери.

– Би-Би-Си, ова е вистински срам!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни