„Би-Би-Си“: Арсенал го избра новиот менаџер

arsenal-lc

Арсенал очигледно ја заврши потрагата по наследник на Арсен Венгер, а според „Би-Би-Си“, трката за нов менаџер на „топчиите“ ја добил Унај Емери.

Довчерашниот предводник на ПСЖ влета како кандидат во последен момент и на крајот очигледно ќе биде прв менаџер на Арсенал по долгата ера на Венгер кој постави високи стандарди во лондонскиот клуб.

Емери со ПСЖ ја освои шампионската титула и уште четири трофеи во Франција, а претходно стигна до три трофеи во Лига Европа со Севилја. Како што пренесува угледниот британски медиум, англискиот јазик на Емери не е на посакуваното ниво, но тоа нема да биде пречка за негов ангажман.

Facebook Коментари