Лига Европа
Безвременскиот Хоакин со магичен гол постави рекорд во Лига Европа (Видео)

Хоакин Санчес беше дел од тимот на Шпанија кој играше на Светското првенство во 2002-ра година, а две децении подоцна, легендарното крило на Бетис се уште е активно и доби статус на безвременски фудбалер.
Иако најави дека ќе оди во пензија по освоениот трофеј во Купот на крајот од минатата сезона, Хоакин беше премислен од фановите, играчите и водечките структури на Бетис, па откако го продолжи договорот за уште една сезона, сега стана рекордер во Лига Европа.
Бетис вчера го победи Лудогорец со 3:2 во возбудлив меч на „Бенито Виламарин“, а потегот на средбата го имаше токму капитенот на домашниот тим од Андалузија.
Хоакин постигна магичен гол за водство од 2:0 и уште еднаш ја покажа својата класа, но тоа му донесе и историско достигнување во второто по ранг најдобро натпреварување на стариот континент.
Со 41 година и 56 дена, Хоакин стана најстар и највозрасен голгетер во историјата на Лигата на Европа.
Class is permanent 💚🤩#UEL pic.twitter.com/3dtMJNVqOf
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) September 16, 2022
-
Светпред 23 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Алкалоид договори уште еден македонски репрезентативец
-
Евролигапред 21 час
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
Светски првенствапред 22 часа
Франција ја надигра Шведска и ќе се бори за златото на СП
-
Шпанијапред 12 часа
Главниот оперативец на Атлетико распали по Реал: Истото се случува со децении и веќе никој не е изненаден!
-
Германијапред 22 часа
Унгарецот во елемент: Собослаи со две мајстории донесе победа за Лајпциг (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Аке му пресуди на Арсенал, Сити оди во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Челси не застанува: Премиерлигашот договори засилување од Лион (ВИДЕО)